Поранешниот директор на Сава осигурување, стана прв човек на „Вега фондови“

Објавено во: Финансии 30 Јуни, 2021
Се основа ново Друштво за управување со инвестициски фондови Вега Фондови АД Скопје. Комисијата за хартии од вредност веќе издаде одобрение. Формирано е со основна главнина од 130.000 евра. Станува збор за друштво за управување со отворени инвестициски фондови, водење на работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио и инвестиционо советување согласно Законот за инвестициски фондови.
КХВ даде согласност лицето Александра Митев од Скопје да се стекне со квалификувано учество во ДУИФ Вега Фондови АД Скопје, односно да се стекне со акции со право на глас чиј вкупен кумулативен износ не надминува 50 отсто од вкупно издадените акции со право на глас на друштвото.
„Исто така се даде согласност на лицата Сашо Дракуловски и Стефан Степаноски да се стекнат со квалификувано учество во ДУИФ Вега Фондови АД Скопје односно поединечно да се стекнат со акции со право на глас чиј вкупен кумулативен износ не надминува 30 отсто од вкупно издадените акции со право на глас на друштвото, велат од КХВ.
За главен извршен директор е именуван Сашо Дракуловски а Огнен Тилиќ доби согласност за извршен член на Одборот на директори, односно извршен директор на ДУИФ Вега Фондови АД Скопје.
Сашо Дракуловски е поранешен директор на Сава осигурување. Тој во ноември 2019 година се замина од позицијата, како што наведе од лични причини.Можеби ќе ве интересира
ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ГОЛЕМО БАНКАРСКО ЗДРУЖУВАЊЕ - Комерцијална банка ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола

ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ: Бесими ги соопшти деталите

„ГАСПРОМ“ ГО ОТФРЛИ ДОЛАРОТ: Трансакциите ги вршат со јуани и рубљи

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ГЕРМАНЦИТЕ НА ЧАС: „Срамно мал износ“

ШТО ГИ СТОПИ ГРАЃАНСКИТЕ ДЕПОЗИТИ ВО АВГУСТ - има ли врска граѓанската обврзница, а еве што објасни монетарната власт
„ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е 36.200, ТУКУ 24 ИЛЈАДИ“: Глигорова со поразувачка пресметка за трошоците на едно семејство

Доларот зајакна десетта недела по ред: „Не се случило 10 години“

ГЕРМАНИЈА СТАНА „БОЛНИОТ ПАЦИЕНТ“ НА ЕВРОПА: Падна најмоќната институција, Берлин во виорот на мизерија и очај

„РАБОТАМ НА КРУЗЕР, ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗРАБОТИВ ЗА СТАН“: Девојка од Балканот го сподели искуството, сепак има и проблеми, еве што вели таа
