06 Мај, 2024
0.0236

Поранешниот заменик-претседател Мнангагва е веројатно нов лидер на Зимбабве

Објавено во: Свет 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот потпретседател на Зимбабве Емерсон Мнангагва чие разрешување доведе до изненадната оставка на долгогодишниот државен лидер на земјата, Роберт Мугабе, наскоро ќе се заколне како нов и следен претседател на земјата. 

Заклетвата се очекува да биде во петок, според БиБиСи

Емерсон Мнангагва го напушти Зимбабве пред две недели и отиде во Јужна Африка, велејќи дека стравува за својот живот, но ќе се врати во својата татковина денес, пренесува локалната телевизија. Неговото разрешување од владејачката партија доведе до интервенција на војската во Зимбабве, која со сила стави крај на 37-годишното владеење на Мугабе. Тој поднесе официјално оставка вчера во писмо до парламентот, кој собрал да заседава по процедура за неговото симнување од власт.

Вестите доведоа до големи прослави во земјата синоќа.

„Сакам да му честитам на народот на Зимбабве за постигнување на овој историски момент", рече Мнангагва во соопштението по оставката на Мугабе како претседател. "Заедно ќе обезбедиме мирна транзиција за зацврстување на нашата демократија и ќе донесеме нов почеток за сите граѓани, и ќе создадеме мир и единство. Враќањето во татковината, со нетрпение го очекувам и заедно со вас, народот на Зимбабве, да продолжиме со политичките и економските предизвици за нашата сакана земја", вели тој.

Портпаролката на Стејт департментот на САД Хедер Наурт изјави дека по оставката на претседателот Мугабе Зимбабве народот сака "нова ера" и крај на меѓународната изолација, пренесоа американските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра