Пораснале депозитите во јули, најмногу штеделе домаќинствата
Објавено во: Финансии 21 Август, 2020
Вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата, соопшти Народна банка на Македонија.
Годишната стапка на раст изнесува 7,9 отсто, како резултат на растот на депозитите на двата сектори, поизразен кај секторот „домаќинства“.
Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, главно заради зголеменото кредитирање на домаќинствата. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 8,2 отсто и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.
На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 9 отсто и 8,4 отсто, соодветно.
На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 7,1 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 проценти, информираат од централната банка.