Поскапе нафтата на светските берзи
Објавено во: Свет 22 Април, 2013 10:49
Цената на сировата нафта денеска порасна oткако трговците го искористија минатонеделниот пад на цените, додека инвеститорите ги чекааат новите економски податоци од Кина, наведуваат аналитичарите, пренесува Танјуг.
Американската „лесна“ нафта, за испорака во текот на следниот месец, на Стоковата берза во Њујорк поскапе за 50 центи, на 88,51 долари за барел, пренесуват француските меидуми.
На берзата во Лондон, истовремено, северноморската „брент“ нафта поскапе за 44 центи, на 100,09 долари за барел, повторно надминувајќи ја границата од 100 долари, што беше пробиена на почетокот на минатата недела по соопштувањето на полошите показатели од очекуваните за растот на кинеската економија во првиот квартал.
Цената на нафтата минатата недела опадна заради слабите економски показатели од Кина, а „брент“ нафтата во еден момент се спушти на деветмесечниот минимум заради пазарните шпекулации дека ОПЕК планира да го намали производството.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




