ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА УКРАИНСКАТА ВЛАДА: Русите пукаат од болница која ја зазедоа и држат како заложници 500 луѓе
Објавено во: Свет 16 Март, 2022
Руски војници презеле болница во градот Мариупол и таму држат 500 луѓе како заложници, објави претходно Украина, а сега пристигнаа нови информации.
Според вицепремиерката на Украина, Олга Стефанишина, руските сили сега пукаат од заземената болница, загрозувајќи го хуманитарниот коридор.
Досега околу 20.000 цивили успеале да го напуштат опколениот град со приватни автомобили.
Жителите на Мариупол останаа заробени во тој јужен пристанишен град, а освен со гранатирање, се борат и со снемувањето на парното, струјата и водата.
Извор: Индекс.хр