08 Мај, 2024
0.0262

Повеќе нема да има „скриени“ газди во Македонија

Објавено во: Финансии 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Скриените газди во Македонија повеќе нема да имаат законска можност да впишуваат други управители и да се кријат позади името на друг сопственик на претпријатието кое суштински не е негово. Јавна тајна во Македонија е дека постојат познати личности кои етички сметаат дека не треба нивното име да фигурира како сопственик на профитна организација и потпишуваат договори со личности на кои „поовеќе им личи“ на хартија да бидат газди на субјектот.

Владата го утврди новиот текст на Предлог – законот за изменување на Законот за трговскитe друштва, во кој се предвидува да се изврши бришење на одредбите за тајни друштва од Законот за трговските друштва за да се зголеми транспарентноста во правниот промет и да се намалат можностите за даночно затајување.

На овој начин и со отстранување на оваа форма од правниот промет, Република Македонија ќе ја задржи оцената за размена на информации по барање на даночни цели и истата ќе има позитивно влијание и во однос на скрининг мисијата на работната група при Советот на ЕУ, која ја креира листата на некооперативни јурисдикции за даночни цели.

Тајното друштво е дискретна форма за реализација на деловни потфати, и најчесто го користат лица кои од најразлични финансиски или лични мотиви, сакаат да соработуваат со други претпријатија и истите да ги финансираат, без да се изложуваат во јавноста.

Според одредбите на Законот за трговски друштва, тајното друштво настанува со договор, со кој тајниот содружник вложува паричен или непаричен влог во имотот на друштвото на друго лице, кое е јавен содружник. На таков начин тие стекнуваат право да учествуваат во добивката како и во загубата на друштвото.

Тајното друштво нема правен субјективитет. Тоа значи дека ова друштво не се регистрира во трговскиот регистар, нема седиште, нема фирма и постои само за внатрешна употреба, само во односите меѓу тајниот содружник и јавниот содружник. Како последица на тоа, јавниот содружник е тој кој настапува во односите со трети лица, тој го управува друштвото и тој е исклучителен носител на сите права и обврски од работењето. Третите лица го познаваат само јавниот содружник, и во односите со нив формално учествува само јавното друштво. 

Целите на тајното друштво и целокупните услови на работење, се уредуваат спогодбено меѓу содружниците, и тоа со договор за уредување на односите.

Што се однесува, пак, на односите меѓу тајниот и јавниот содружник, Законот за трговски друштва ги уредува ситуациите кои се однесуваат на влоговите, добивката и загубата, како и правото на увид во книгите и списите. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати