Добивај вести на Viber
Повеќе населби во Скопје утре ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија, јави Регионалниот цента за управување со кризи.
Во периодот од 9 до 14 часот струја ќе нема во дел селата Мирковци, Чардак, Бразда, Голиево и Оризари, од 10 до 14 часот и дел од Стопански Двор. Потоа од 10 до 14 часот струја ќе нема во дел од Волково, а од 9 до 15.30 часот и во селото Копаница.
Од 9.30 до 15.30 часот струја ќе нема на дел од улиците Виетнамска и Гарсија Лорка;од 8 до 16.30 часот и во Студеничани, додека од 8 до 9.30 часот струја ќе нема на булеварот Митрополит Теодосие Гологанов.