09 Мај, 2024
0.0275

Повик до граѓанските организации за учество на настани за вмрежување

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Младинскиот културен центар – Битола, во соработка со Фондацијата за Претприемачки сервис за млади, распишува повик за граѓански организации и креатори на младински политики за учество на настани за вмрежување.

Во текот на октомври, ноември и декември годинава ќе се одржат три дводневни настани за вмрежување со вкупно 60 учесници. Настаните ќе бидат целодневни и ќе се одржат во Битола, пришто учесниците ќе може да разменуваат информации, ставови и добри практики, да се  вмрежат и да овозможат понатамошна соработка.

Настаните се организираат во два дела: конференциски дел (панел дискусии, форум, тркалезна маса, презентација на добри практики и слично) и дел со „B2B(бизнис со бизнис средби за вмрежување) што ќе овозможи учесниците (граѓански организации, државни и јавни институции, локална самоуправа) да се запознаат и потенцијално да остварат соработка. Секој настан за вмрежување ќе се осврне на една носечка тема, по која 20 учесници ќе имаат можност да се информираат, да дискутираат и да воспостават нови врски за соработка.

Темите и термините за секој настан за вмрежување се следните:

1.  Младите и образовните политики (25 – 26 октомври 2018)

2.  Младинска невработеност (22 – 23 ноември 2018)

3.  Младинска мобилност (20 – 21 декември 2018)

Првиот од трите настани за вмрежување на тема „Младите и образовните политики“ ќе овозможи учесниците да се запознаат со претстојните политики во образованието и процесите кои се водат. Ќе се дискутира за стратегиите и правната рамка за образованието во Македонија, спроведувањето на нови и тековни политики во сите степени на образование, учество на учениците и студентите во образовните институции, квалитетот на образование кое се добива, инфраструктура и други поврзани прашања кои го позициониораат младиот човек во центарот на образовниот процес.

Ќе се дискутира и по следните прашања:

-  Колку образованието е насочено кон потребите и интересите на младите?

-  Колку се значајни неформалното образование, младинската работа и другите активности кои ги спроведуваат организациите?

-  Кои се приоритетните прашања од интерес на младите луѓе кои образованието треба да ги реши?

Настанот за вмрежување е наменет за претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полињата на образованието и младите,креатори и спроведувачи на младински и образовни политики на национално и локално ниво, образовни институции и провајдери на неформално образование.

Краен рок за пријавување на првиот настан е 18-ти октомври 2018 до 16.00ч.

Пријавување за настаните е возможно преку следниот линкhttp://goo.gl/ci3Smb. Контакт лице Мери Нашоку, телефон 075 468 651, е-пошта meri@mkcbt.org.mk

Само селектираните учесници ќе бидат контактирани за учество на настаните за вмрежување. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за сместување, храна, материјали и пат.

Настаните за вмрежување се реализираат во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, од програмата IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“.

Напомена:

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на медиумот кој ја објавува.

Проектот е имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади и Младински културен центар Битола. Овој ПР текст и неговата објава се подготвени со поддршка на Европската унија. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Европската унија.



Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“