Повисока минимална плата - победници и поразени
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2019
Можно ли е да биде 16.000 денари како што бараат синдикалците или минималната плата ќе се зголеми најмногу до 14.000 денари ќе стане јасно до крајот на октомври до кога се очекува да бидат завршени преговорите. Иако работодавачите не се расположени за зголемување на минималната плата, тоа сепак ќе се случи затоа што тоа е барање на Владата.
Додека познавачите имаат дилема дали зголемувањето на минимумот и досега ги дале очекуваните ефкти, од Владата сметаат дека со зголемувањето ќе се зголеми стандардот на многу граѓани. Експертите сепак тврдат дека не треба да има победници и поразени во преговорите туку економски решението да е ефикасно за сите
„Засега се уште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решение и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семјество не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории“ изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев за Телма.
Викендов Конфедерацијата на слободни синдикати побара минималецот да изнесува 16 илјади денари затоа што расте просечната плата, но се зголемува и потрошувачката кошница на 32 илјади денари.