Повторно работи градскиот превоз во Белград, од понеделник децата одат во градинка во Србија
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2020
Јавниот градски превоз во Белград, кој беше откажан за време на вонредната состојба поради епидемијата на коронавирус околу месец и половина, повторно функционира од денес. Градскиот превоз во главниот град може да го користат сите граѓани.
Градските возила за транспорт (автобуси, транваи и тролејбуси) излегоа на улиците на главниот град рано утрово во четири часот во ист обем како пред да се донесе решението за откажување на јавниот градски превоз.
Од понеделник започнуваат со работа и градинките во Србија. Родителите мора да имаат потврда од работодавачот и педијатарот доколку сакаат да го одведат детето во градинка.
Од 11 мај, децата на родители кои мораат да одат на работа и не се во можност да се грижат за своите деца на поинаков начин, ќе можат да одат во градинка. За да го докажат тоа, родителите ќе треба да имаат потврда од работодавачот дека треба да ја извршат работата во седиштето на компанијата. Неопходно е да се наведе контакт на работодавачот.
Приемот на дете во предучилишна установа ќе биде можно само со потврда на надлежниот педијатар дека детето е здраво (систематско испитување извршено пред упис во градинка или по долго отсуство на детето од градинка).