Повторно се стресе Црна Гора - има ли штети?
Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2018
Подгорица денеска ја погоди послаб земјотрес, што е уште еден во серијата потреси кои последниве денови ја погодија Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 3 степени според Рихтер бил на пет километри југоисточно од Подгорица, соопшти Сеизмолошкиот завод на Црна Гора.
Потресот не можел да предизвика материјална штета, како што тоа го направи оној од минатата недела во северозападниот дел на Црна Гора, со епицентар во Плава.
Надлежните служби ја проценуваат висината на материјалната штета, а до сега властите во Плава примиле 1.000 барања за помош, и дека повеќе од 100 куќи се оштетени, а седум семејства привремено раселени од своите домови.
Земјотреси денеска имало и во Грција, Турција, Шпанија, Албанија и други земји.