ПОЖАР ВО БЕГАЛСКИ КАМП ВО ШВЕДСКА: Луѓето скокале од прозорци
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2017
Во Шведска повеќе од 15 лица се повредени кога пожар избувнал ноќеска во еден од најголемите бегалски кампови кај градот Ванерсборг.
„Двајца повредени се пренесени во болница на лекување бидејќи скокнале од прозорецот на вториот кат со цел да се спасат од огнот, а вкупно 15 лица побарале помош оти вдишиле чад“- вели портпаролот на локалната полиција.
Дојава за пожарот имало во 4.15 часот, по локално време. 158 луѓе се евакуирани од зградата.
Пожарникарските служби го изгаснале пожарот, а причината за него засега не е позната.