Пожарникар се повредил при гасење на пожар во напуштена библиотека во Прилеп
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2022
Изгоре напуштена библиотека во Прилеп, a гасејќи ја се повредил пожарникар.
Во ОВР Прилеп вчера по 16 часот е пријавено дека на ул.„Рампо Левката” избувнал пожар во стара напуштена библиотека. Територијалната противпожарна единица Прилеп го изгаснала огнот, а притоа со повредил пожарникарот Д.Б.(45) од Прилеп. Повредите се констатирани во Општа болница Прилеп. На лице место увид извршила екипа од ОВР Прилеп.