26 Април, 2024
0.0285

ПОЖАРОТ ИЗБУВНАЛ ПРИ ЗАВАРУВАЊЕ НА ДОГРАДБА, едно лице загина во пожарот во трговскиот центар во Москва (Видео)

Објавено во: Свет 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Едно лице загина како последица на пожарот во големиот трговскиот центар Мега Химки, изјавија за РИА Новости од Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Московскиот регион.

- Ја потврдуваме смртта на едно лице - соопштија од прес-службата на Министерството.

Пожарот избувнал во шест часот наутро во продавницата ОБИ во трговскиот центар Мега Химки. Се запали покривот на површина од 150 метри квадратни. На пожарот му беше доделен четвртиот број на сложеност од пет.

Според РИА Новости во службите за итни случаи, главни причини за вонредната состојба се неисправноста на опремата и прекршувањето на правилата за заштита од пожари при работа. Првичната верзија за подметнување пожар не е потврдена.

Гаснењето беше комплицирано поради дизајнерските карактеристики на зградата, што придонесе за создавање воздушни струи и уривање на покривот.

Во 8 часот и 25 минути пожарот бил локализиран на површина од седум илјади квадратни метри.

Како што јави дописникот на РИА Новости, во реонот на запалениот трговски центар се слушнале пригушени истрели. Службите за итни случаи предупредија дека конзервите со боја и аеросоли почнале да експлодираат.

Пожарот на ОБИ не ги зафатил другите делови од трговскиот центар. Сепак денеска 9 декември, трговскиот ќе биде затворен.

Претходно медиумите известија дека пожарот зафатил површина од 18 илјади метри квадратни метри, по што бил локализиран на седум илјади квадратни метри, јави руската агенција ТАСС, дополнувајќи дека е планирано во гаснењето на пожарот да биде вклучена и авијацијата.


Руските медиуми посочуваат дека се слушнале експлозии, за кои се верува дека се од конзерви со боја и лакови, но и плински боци. ТАСС посочува дека по експлозијата почнала да се урива конструкцијата на објектот, по што хипермаркетот е речиси целосно уништен.

Во гаснењето биле вклучени повеќе од 70 луѓе и 20 единици техника. 

Главната верзија за причината на пожарот е краток спој. Според итните служби, пожарот настанал при заварување во доградба до зградата. Работниците ја напуштиле зградата не можејќи да го изгаснат пожарот, наведува ТАСС.


Обвинителството на Московскиот регион започна истрага за причините за пожарот, а штетата од пожарот може да достигне 20-30 милијарди рубли (1 рубља=0,015 евра).

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис