Пожарот во Битола е ставен под контрола
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2022
Пожарот во „Жито Битола“ e ставен под контрола.
Ангажирани се 27 пожарникари од битолската единица, а на помош пристигна и против-пожарно возило на РЕК-Битола.
Сега се чуваат силосите, кои се близу и каде има жито. Пожарот е пријавен во 17 часот и 20 минути. Пожарникарите ќе останат цела ноќ. Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, кој беше на местото, вели дека во моментот кога избил пожарот во фабриката имало двајца вработени, кои навремено биле евакуирани. Се смета дека пожарот почнал од покривот, кој е целосно изгорен.