Позната причината зошто Турците ја блокираа Википедија
Објавено во: Балкан 30 Април, 2017
Пристапот во Турција до електронската енциклопедија Википедија е блокиран поради содржината на сајтот, што според Анкара е дел од координирана клеветничка кампања.
Ова го изјавија од Министерството за транспорт, навигација и комуникации, пренесува агенцијата Анадолија
Во соопштението на Министерството, се вели дека во некои коментари и статии на Википедија, Турција е прикажана како соработник со различни терористички групи.
„Наместо да има соработка против тероризмот, тој станал дел од информативен извор кој води хајка против Турција на меѓународната сцена“- изјавија од Министерството.
Во соопштението стои дека Анкара побарала од енциклопедијата да ги отстрани навредливите за неа содржина, но од таму одбиле.
Се наведува дека забраната ќе биде укината кога Википедија ќе се усогласи со турските услови.