Познато каде ќе се обрати Џафери за Илинден
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019
Талат Џафери, претседателот на Собранието, за време на чествувањето на националниот празник „Денот на републиката“ ќе одржи говор на Пелинце на 2 август.
Ова спикерот го откри на денешниот брифинг со новинарите. Џафери пред две години се обрати со свој говор на Илинден од Мечкин Камен. Оваа година познато е дека Зоран Заев ќе се обрати од ова место.
Џафери не опткри каде ќе го користи годишниот летен одмор, како што тоа го направија владините функционери преку официјално соопштение, и порача дека ќе биде во близина, односно во земјите од соседството, но дека нема да открие поточно поради безбедносни причини.