Познато со кого ќе се сретне Помпео во земјава
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019
Американскиот државнен секретар, Мајк Помпео доаѓа во земјава на средби со државниот врв, oбјави Стејт Департментот.
Помпео ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и владини претставници, а по посетата на Скопје, ќе отпатува за Охрид.
Помпео ќе ги посети и Црна Гора и Грција, а целата мини-турнеја на Балканот ќе се одржи од 1 до 6 октомври.
Помпео ќе биде првиот американски државен секретар што ја посетил нашата држава од времето на Колин Пауел, за време на кризата во април 2000-та година.