Прашајте ме уште нешто: Украинскиот претседател Зеленски одржа прес долг 14 часа
Објавено во: Свет 11 Октомври, 2019
Уште откако разговараше на телефон со Доналд Трамп, а стенограм на пет страници од тој разговор излезе во јавноста во јули годинава, украинскиот претседател Володимир Зеленски не беше омилен во меѓународната јавност. Вчера самиот одржа прес конференција која траеше ни помалку ни повеќе туку 14 часа.
На прес конференцијата присуствувале повеќе од 300 новинари, а Зеленски рекол дека е подготвен да учествува во истрага за украинската улога но изборите во САД во 2016 година. Сепак Зеленски им порача на американските новинари да се тргнат на страна од Украина и да си изберат претседател самите.
Со маратонската прес конференција Зеленски сакаше да покаже дека е транспарентен, но ова всушност е конференција за печат со траење кое го сруши рекордот.
Фото Ројтерс