29 Април, 2024
0.0303

Пратеници на СДСМ собираат потписи за свикување на собраниска седница, ВМРО-ДПМНЕ против

Објавено во: Македонија 22 Април, 2020

Добивај вести на Viber


Јован Митроски, координатор на пратеничката група на СДСМ, потврди дека пратеници на владеачката партија и на нејзините коалициски партнери се консултираат и собираат потписи за иницијативата за свикување седница на распуштеното Собрание за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба од по 30 дена во земјата поради пандемијата со коронавирусот.

– Ставот на пратеничката група на СДСМ е дека Собранието треба да биде во функција и за тоа се исполнети сите услови пропишани во Уставот. Затоа нашата цел е да направиме уште еден обид да биде свикана седница на која ќе бидат потврдени одлуките на Пендаровски, но да биде во фукниција и доколку во иднина има потреба повторно од прогласување вонредна состојба. Правиме консултации и со други пратенички групи со кои го делиме мислењето за работата на Собранието во вакви услов. Најдоцна до утре барањето за свикување седница ќе биде доставено до претседателот на Парламентот, изјави Митроски за МИА:

Седница може да се свика со собрани 20 потписи од пратеници според член 67 од Деловникот за работа на Парламентот. Во став два се предвидува дека „Претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници“. Според член 63 став 4 од Уставот „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“.

Според техничкиот премиер Оливер Спасовски, и според Изборниот законик и според Законот за Собранието пратениците имаат мандат се до изборот на новите пратеници и дека во оваа ситуација треба да има Законодавен дом којшто ќе функционира. 

Според ВМРО-ДПМНЕ тоа не треба да се случи, бидејќи договорено е да има вонредни парламентарни избори, а не Собрание кое одново ќе свикува седница со истите пратеници откако се самораспушти на 16 февруари. Изборите беа предвидени на 12 април, но во меѓувреме беа одложени поради пандемијата со Ковид-19.

-Каков било чекор кој е надвор од договореното и прифатеното и од политичките лидери на последната лидерска средба ќе претставува еднострано прекршување на принципот за политички консензус. Очигледно станува збор за две работи, или Заев си влегува во приватни аранжмани и комбинаторики со пратенции, или пак е преголема желбата да се лови во матно, односно во ек на најголемата здравствена и економска криза кога луѓе буквално ги губат своите животи, Заев да носи лични еднострани решенија на штета на државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање