Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ требало да се тепаат со тие на СДСМ
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2018
Според сведочењето на обвинетиот Александар Василевски Нинџа за упадот во Собранието на 27 април, може да се заклучи дека постоело сценарио за предизвикување меѓусебна општа тепачка помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел да се спречи изгласувањето на Талат Џафери за нов претседател на Собранието на РМ.
Нинџа сведочеше дека пред да се упати кон Собрание бил на осмиот спрат во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, а таму Билјана Бришковска, поранешната заменик-министерка за правда рекла дека првичниот план пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се степаат со тие на СДСМ и така да го спречат изгласувањето на Џафери, но тоа не успеало па се преминало на план Б - отворање на портите и упад на толпата.
Како што рече, Бришковска рекла дека во првото сценарио пратениците не ја завршиле својата работа, немало инцидент, не се степале. Потоа му се јавила на тогашниот спикер Трајко Вељаноски да се отворат вратите од Собранието.