04 Мај, 2024
0.0285

ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ЕСТОНИЈА

Пред 30 години бевме на исто ниво, а денес Естонија го има десеттиот најдобар правен систем во светот

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Естонија е европска земјa чиј правен систем доживеа големи промени.

Ако се споредат Македонија и Естонија, пред три децении, естонската и македонската држава имаа слична позиција, а денес Естонија го има десеттиот најдобар правен систем во светот.

Таа е за 50 места понапред од нашата земја. Естонија не создала ефикасно судство со тоа што одеднаш е одлучено тоа да ја подобри ефикасноста. Во тоа се вложувани напори, пари и технологија.

Кари Гинтер, професор по Европско право на Универзитеот Тарту, Естонија вели дека треба да ги предвидите очекувањата.

„Што очекувате од судот? Колку брзо треба да се одвиваат случаите? Мислам, во сите случаи, дури и во помалите, ќе бидат потребни неколку месеци, дефинитивно. Но, ако ги тргнете едноставните работи од масата за, да речеме половина година до година, веќе имате многу брз и напреден систем. И дефинитивно, да завршувате случаи за половина година е амбициозно, да постигнете таква спогодба и да работите таа да се оствари“, вели тој.

Тој додава дека патот бил многу тежок, адвокатите морале да научат нови вештини, но денес граѓаните се чувствуваат безбедни.

Градењето квалитетен и доверлив правен систем звучи како невозможна мисија. Така им звучела и на Естонците на почетокот, но тоа што го имале како недостиг, го претвориле во предност.

„Најголемиот предизвик во Естонија беше што немавме ништо, мислам апсолутно ништо, и тоа беше многу тажен момент, бидејќи ако немате ништо, се чини дека вие треба да ги направите сите работи. Но, исто така можете да го сфатите тоа и како скок и да прескокнете повеќе фази во развојот. Естонскиот модел, она што ние го нарекуваме е-тигар, значи само да го прескокнете стариот дел и да скокнете кон иднината“, рече Гинтер.

Јанус Техвер, претседател на Естонската адвокатска асоцијација вели дека во принцип, правниот систем  работи како што треба, и во најголемиот број стуации секој може да се потпре на него за заштита на своите основни права. Но, системот и натаму треба да се подобрува.

„Секогаш има еден вид натпревар меѓу квалитетот и ефикасноста. Да се најде вистинскиот баланс меѓу нив е секогаш тешко, и би рекол дека тоа е најважното прашање со кое нашата земја треба да се занимава сега и во иднина, како да најдеме вистински баланс меѓу квалитетот и ефикасноста“, вели Техвер.

Во Македонија анкетите покажале дека огромно мнозинство од граѓаните немаат доверба во правосудниот систем. Лејла Тутиќ, проектен координатор во Коалиција Сите за правично судење вели дека во 2018 направиле анкета за да видат какво е мислењето на граѓаните во однос на довербата во судството. Неверојатни 93% од испитаниците одговориле дека немаат доверба во судството.

„Исто така, дури 80% од граѓаните сметаат дека постапките кај нас траат предолго“, вели Тутиќ.

Таа објаснува дека правната сигурност не е застапена кај граѓаните, а главен фактор за тоа е нетранспарентноста на судовите.

„Веќе спомнав дека се чувствуваат посигурни, ете кога ќе има некој од надвор кој ќе ја следи постапката затоа што сепак сите анкети што ги правиме, сите мислења што ги добиваме од граѓаните се индивидуални перцепции“, изјави Тутиќ.

Таа смета дека судовите треба да се потранспарентни и додава дека судовите се уште немаат навика да примаат граѓани кои се заинтересирани процесите да ги следат во судниците.

Судиите, од друга страна,сметаат дека на анкетите одговара секој граѓанин, без разлика дали имал директен контакт со судскиот систем. Од тука за нив одговорите го рефлектираат општото располжение на граѓаните, а не фактичката состојба.

„Луѓето мислат дека ако одиш во суд ти треба да поминеш децении за да оствариш некакво право, а тоа ќе ви го кажат луѓе кои воопшто не стапнале во судот. Ние се уште во државата немаме релеванти анкети на корисници на нашите услуги. Има голем број на корисници кои што ќе ви кажат се задоволни. Судската постапка условно има некој минимум до кога треба да трае. Зато што странката по тужењето мора да ја добие тужбата за одговор, мора да му се даде време да даде одговор на тужба, мора на странките да им се остави минимум време да се подготват за расправа, мора на секоја странка на која ќе и се достави поднесок да и се остави минимум време да одговори на тој поднесок, а сето тоа време се акумулира“, вели Антоанета Димовска, судијка Основен суд Скопје 2.

Димовска е специјализирана за имотно-правни случаи и работи на нив низ целата кариера од две ипол децении. Објаснува дека оваа материја е многу сложена и не зависи само од судијата или од судството, туку од целиот државен апарат што се занимава со имотни прашања, како и од дисциплината на луѓето да водат сметка за документите за својот имот. Вели – на суд завршува само тоа што не можело да се реши во катастарот.

Кривичните предмети за кои постојано се известува во медиумите се најчестата основа според која граѓаните што немаат многу допир со судството ги градат своите ставови.

„Во 2000 година наследив два предмета кои во тој момент, едниот имаше 33 години другиот можеби 32г, но и двата предмета дефакто не беа активни предмети туку беа предмети во прекин. А постапката може да се прекине поради смрт на странка и други причини што се во законот. Конкретно овие предмети, тоа беше поради смрт на странката, и се додека не се расправи оставнината, не може таа да се продолжи за да се види која странка дефакто ќе ја продолжи постапката“, изјави Димовска.

Александар Видиновски, портпарол на Министерството за правда изјави дека сакаат конечно да се врати довербата на граѓаните во судството која што несомнено е изгубена во минатите години.

„Сакаме човек кога ќе отиде на суд да знае дека во таа институција може да има доверба. Во нашата држава имаше многу слабости во минатото кои што ние сега се обидуваме да ги надминеме. Донесени се повеќе закони, кои ја регулират работата и на судството и на целиот правосуден систем и дополнително ќе се донесат, а со цел македонските граѓани да имаат поголема доверба и правдината да можат да ја истераат на суд“, рече Видиновски.

Еден од случаите што ја одбележаа минатата деценија по својата бавност и по последиците што тоа им ги нанесе на луѓето што се обвинети беше „Змиско око“. Во 2008 година над 70 луѓе што работеа на патарините беа обвинети за злоупотреба на парите што се собирале на патиштата. 

„Ние денеска после 14 години дојдовме на половина пат од тој предмет затоа што сега имаме првостепена пресуда кој што се уште не е правосилна. Jас реков дека никогаш нема да се заврши. И за жал изгледа дека тоа мое предвидување ќе се обвистини навистина“, вели адвокатот Мирослав Вујиќ.

Вујиќ е бранител на дел обвинети во „Змиско око“. Ова е случај, што според него, треба да биде лекција за целиот правен систем, дека со спектакли како масовни апсења нема да се подобри ниту функционирањето на правосудството ниту довербата во него.

Епизодата Дали личиме на ЕУ:  Во потрага по правната држава“, можете да ја погледнете на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=X3T7VcFkHcU. Таа е дел од документарниот серијал „Дали личиме на ЕУ“ подготвен во рамки на истоименитот проект, финансиран од Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра