ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ: Сите навалија на мерките за државна помош
Објавено во: Економија 06 Мај, 2020
За еден ден, односно од вчера до денес попладне, пристигнале околу шест и пол илјади барања за мерките за државна помош кои управителите на компаниите ги поднесуваат преку Управата за јавни приходи. Аплицирањето за субвенциите против економско-здравствената криза завршува утре во 24.00 часот.
„Радува бројката која заклучно со денеска има вкупно над 19.000 барања за финансиска подршка за плати за месеците април и мај од 14.500 по работник. Започна на 1 мај а завршува утре. Исто така има и надд 10.000 барања за помош од апликанти кои вршат самостојни дејности“, рече денеска Крешник Бектеши, министерот за економија.
Вчера на два дена пред истекот на рокот 12.480 компании аплицираа за мерката финансиска поддршка за исплата на платите. Станува збор за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник со која се овозможува континуитетот на работните процеси.
За утре како последен ден министерот Бектеши очекува најголем број на апликанти за мерките кои се нудат како државна помош.