03 Мај, 2024
0.0387

ПРЕД УТРЕШНАТА КООРДИНАЦИЈА КАЈ ЏАФЕРИ: ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со препукувања за локалните избори

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На еден ден пред лидерската коориднација кај собранискиот спикер двете најголеми партии и вечни опоненти ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со партиски преписки ги решаат несогласувањата и различните ставови околу локалните избори.

Од партијата на екс премиерот велат дека се поочигледен е стравот на СДСМ да се соочат со граѓаните и да доживеат нов пораз.

Тие велат дека одржувањето на локалните избори нема никаква врска со формирањето на Влада.

„Мандатите на градоначалниците и советите на општините треба да се продолжат во понеделник, но исто така и треба да се донесе најбрз можен датум за одржување на локалните избори.

Прва причина за пролонгирањето на одржувањето на локалните избори не е притисок врз Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, туку само евтин обид да се купи време за локалните избори да не се одржат во најбрз можен рок, 2-ри јули, од стравот дека ќе бидат катастрофално поразени, а втора причина за обидот на СДС да го одолговлече закажувањето на локалните избори е притисокот кој сакаат да го направат врз ДУИ за нивно пазарење околу коалицискиот договор, бидејќи ДУИ има 14 градоначалници, а СДС само 3“, потенцираат од партијата на Никола Груевски.

Од СДСМ пак велат дека нема да дозволат да биде парализирана државата и дека ќе има и нова влада и локални избори.

„Неразумните блокади од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги оставија граѓаните од утре без градоначалници и советници, вработените во општинските установи без плати, луѓето без потребните општински услуги.

Очигледно целта е уште позагрижувачка, хаосот по повеќемесечната блокада за формирање на новата Влада, да се преслика и на локално ниво, што ќе ја парализира целата држава.“, велат од партијата на Заев кој чека мандат за влада.

Од СДСМ велат дека сега е на потег Иванов кој мора да се огради од деструктивните политики на Никола Груевски и да го додели мандатот за состав на новата Влада што ќе отвори пат и за локалните избори. 

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи