06 Мај, 2024
0.0285

Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница во Собрание

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот денеска повторно ќе се најде на седница на Комисијата за финансирање.

Освен тоа седница е закажана и за Предлог - закон за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка - II читање.

Во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот проекцијата за економскиот раст во 2017 година е ревидирана на 2,2%, споредено со првичната проекција од 3,0%, што главно ги одразува ефектите од пролонгирањето на домашната политичка криза врз економијата, во најголем дел како резултат на воздржаноста на приватниот сектор од поголеми инвестициски зафати во изминатите месеци.

Растот на бруто-инвестициите се очекува да биде значително понизок, односно е проектиран на 1,0% на реална основа (наспроти очекувањата за раст од 4,5% согласно првичната проекција), при што позитивен импулс се очекува од реализацијата на буџетските капитални расходи.  

Во периодот јануари-јуни 2017 година вкупни приходи реализирани се во износ од 86.374 милиони денари што претставува 46% во однос на планираните за 2017 година. Даночните приходи и социјални придонеси изнесуваат 76.767 милиони денари, односно 88,9% од вкупните приходи. Даночните приходи во првите шест месеци се остварија на ниво од 51.301 милиони денари, односно истите бележат реализација од 47% во однос на планот за цела година. Во структурата на наплатените даночни приходи доминанираат приходите по основ на данокот на додадена вредност со учество од 45,6%. Приходите од социјални придонеси како изворни приходи на фондовите за пензиско, здравствено осигурување и вработување во анализираниот период се остварија во износ од 25.466 милиони денари, што претставува 49% во однос на годишно планираниот износ. По основ на пензиско осигурување реализирани се 17.126 милиони денари, додека по основ на здравствено осигурување наплатени се 7.252 милиони денари.  

Капиталните приходи изнесуваат 330 милиони денари и истите се значително под нивото на реализација во истиот период од минатата година или само 13,7% во однос на нивото планирано со Буџетот.  

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев