15 Мај, 2024
0.0254

Досега рекорден број учесници и панелисти на КБФ

Преку 1000 учесници на јубилејниот Копаоник бизнис форум

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во недела ќе започне јубилејниот 25ти по ред „Копаоник бизнис форум“, кој ќе се одржи од 4 до 7 март во хотелот „Гранд“ на Копаоник. Досега присуството на форумот го потврдија преку 1000 учесници и со самото тоа ќе има рекорден број учесници и панелисти. За првпат форумот ќе трае 4 денови, ќе бидат одржани 22 панели, 3 пленарни сесии, 6 специјални настани, а ќе бидат организирани и 3 специјални обраќања до присутните. Присуството на форумот го потврдија претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Владата, Ана Брнабиќ, поголемиот број министри во Владата на Република Србија, гувернерот на Народна банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, најзначајните стопанственици од банкарскиот и осигурителниот сектор, како и претставници од секторите туризам, енергетика, земјоделство, фармацефтската индустрија, јавните претпријатија, локалната самоуправа, меѓународните финансиски организации (EBRD, EIB, IFC, WB, MMF), претседателот на Фискалниот совет, како и многу домашни и странски економски теоретичари и претставници на медиумите.

Тема на годинашниот форум е „Што по фискална консолидација: Како да се претвори фискалната стабилност преку мерки на економска политика во одржлив раст и развој?“

И оваа година на едно место ќе бидат собрани сите значајни имиња од светската економија. Во рамките на неколкуте денови колку што се одржува форумот ќе се претстават преку 120-тина говорници на различни теми врзани со бизнис сферата, меѓу кои и еден од најуспешните македонски бизнисмени, мнозинскиот сопственик на М6 Инвесмент груп и претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Тој ќе биде говорник вториот ден од форумот во рамките на Панел 3 на тема „Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област“.

„Организацијата на јубилениот 25ти по ред Копаоник бизнис форум претставува додатна одговорност, во поглед на долготрајноста и значењето на самиот настан. За првпат организираме погабаритна програма, која ќе се одвива во текот на 4 денови, а последниот ден свое излагање ќе има и српската премиерка Ана Брнабиќ. Целта на овој долгогодишен форум е да се изгради платформа за аргументирана, конструктивна расправа и критична анализа за се она што е досега сработено, како и концептуално дефинирање на одржлива економска политика„ вели Алекандар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и претседател на програмскиот одбор на КБФ.

Програмскиот одбор на форумот предвиде дискусии во рамките на различни области како Иницијатива - Дигитална Србија и Улогата на жената во промените на бизнис светот, Опсегот на фискалната консолидација и досегашните структурни реформи, програма за реализација на реформи: развој на инсфраструктура, реструктуирање на јавниот сектор, образование и наука, креативна економија, иновација и стратешки раст, одржлив и инклузивен развој: Луѓето во фокусот – реформа на системот за здравственото образование. 

Во текот на 4те денови ќе учествуваат високи државни функционери и влијателни бизнис лидери.

Меѓу останатите, учество ќе земат и Линда Ван Гелдер, регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, како и Питер Санфи, заменик директор за економија и политика за земјите при Европска банка за обнова и развој.

Првпат на форумот ќе земе учество и Пол Томсен, директор на канцеларијата МMF за Европа и Шарлот Рух, директор на EBRD за Централна и Источна Европа.

Во рамките на официјалниот дел од програмата ќе земат учество и Томас Лубек, регионален менаџер на Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за Западен Балкан, Дубравка Негре, шеф на Регионалното претставништво на Европската инвестициона банка за Западен Балкан (EIB) и Артур Туремка, генералниот директор на Mastercard компанијата за Балкан.

www.kopaonikbusinessforum.rs

Специјален гостин на форумот ќе биде и познатиот футурологист, Магнус Линдквист, како и реномираниот српскиот актер, продуцент и режисер, Драган Бјелогрлиќ.

Копаоник бизнис форумот во партерствосо Mastercard, традиционално е во организација на Сојузот на економисти на Србија и Здружението на корпоративни директори на Србија и е под покровителство на Владата на Република Србија.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти