05 Мај, 2024
0.0258

Преку бизнис клуб македонски и швајцарски компании ќе ја зголемуваат деловната соработка

Објавено во: Економија 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Над 40 компании се со стопроцентен швајцарски капитал или дистрибуираат производи или услуги од Швајцарија на македонскиот пазар а овие бројки се очекува да се зголемат со денешното формирање на Македонско - Швајцарски бизнис клуб.

Тој ќе ги здружува силите но и соработката на  компании од двете земји, ќе им отвори бројни врати и можности на членовите а и ќе вмрежи илјадници компании. Ќе се зајакнат односите а и придобивките се бројни.

На чело на клубот е Јасминка Талеска, која е и директор на швајцарската компанија „Новартис“ и според неа бизнис клубот ќе им донесе корист на двете страни.

За претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Даниела Арсовска овој клуб ќе ја продлабочи деловната соработка.

Арсовска вели дека е голем потенцијалот да се унапреди соработката меѓу компаниите од двете земји.


-Обединувајќи ги компаниите кои се со швајцарски капитал и компаниите од Сојузот кои имаат интерес за соработка, веруваме дека ќе дејствуваме кон зголемување на трговската размена, која според статистичките податоци минатата година изнесуваше 105 милиони евра, со остварен извоз од 40 милиони евра и увоз од 65 милиони евра“, посочи Арсовска.

Од друга страна пак заменик амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан ветува заложби во чиј фокус ќе биде растот на трговската и економска соработка.

За Томаџан формирањето на еден ваков бизнис клуб значи дека билатералните односи на двете земји се добри а е убеден во потенцијалот за зголемена трговија и инвестиции меѓу Македонија и Швајцарија.

Македонско - Швајцарскиот бизнис клуб е формиран со поддршка на Швајцарската Амбасада и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години