26 Април, 2024
0.0309

Прекуграничните трансакции ќе се порамнуваат преку ново иновативно решение

Објавено во: Финансии 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

СЕЕ Линк, заедничката платформа за тргување на седум берзи од Југоисточна Европа, меѓу кои е и Македонска берза планира да воведе ново иновативно решение за порамнување на прекуграничните трансакции склучени преку оваа платформа, развиено од Raiffeisen Bank International (RBI) со седиште во Виена, објавија од Македонска берза. 

Оттаму велат дека ова решение овозможува да се надминат предизвиците поврзани со порамнување на трансакциите склучени преку СЕЕ Линк кои беа предизвикани од различните национални валути и различните законски решенија во земјите кои учествуваат во платформата. Основачите на СЕЕ Линк платформата, Загребската, Бугарската и Македонската берза, како и самиот СЕЕ Линк кој е со седиште во Скопје, вчера во Виена потпишаа Меморандум за соработка со RBI.

“RBI е силно заинтересиран за развојните активности на берзите во Југоисточна Европа и затоа го поздрави формирањето на СЕЕ Линк платформата во 2014 година.  Ни претставува задоволство што можеме да ги понудиме нашите  услуги за порамнување на трансакции на оваа трговска платформа.  Членките на Берзите-учеснички во платформата ќе можат во иднина да тргуваат и да ги порамнуваат склучените трансакции преку СЕЕ Линк. И уште повеќе, нашите меѓународни клиенти ќе добијат лесен пристап до овие пазари преку нашиот GSS Operations Center“ изјави Attila Szalay-Berzeviczy, Head of RBI Group Securities Services.

Директорот на Макеоднска берза Иван Штериев рече дека овој Меморандум за соработка трасира патека на еден многу важен дополнителен дел од мозаикот на регионалната инфраструктура за пренасочување на налозите за тргување.

„Ни претставува големо задоволство што RBI ќе ги нуди своите услуги на регионалните пазарни учесници во иднина како алтернатива во рамки на моменталната поставеност на платформата. Се надеваме дека ова ќе ги олесни предизвикувачките процеси на прекуграничното порамнување на трансакциите склучени преку СЕЕ Линк и дополнително ќе привлече нови инвеститори надвор од регионот“ вели Штериев.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат