18 Мај, 2024
0.0263

Препорака на руски алтернативни лекари: 7 начини да го исчистите и подмладите организмот!

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Многу често луѓето го загрозуваат здравјето со неквалитетна а понекогаш и штетна храна и забораваат на фактот дека здравјето и младоста нема да се вратат. Сите штетни материи прават депонија во организмот. Тие го расипуваат нормалниот ритам на неговата работа, го уништуваат метаболизмот и луѓето почнуваат да се чуствуваат многу лошо. Тоа може да бидат симптоми као што се слабост, поспаност, збунетост, чести настинки, општ пад на имунитетот. Значи, многу е важно да се прави чистење на организмот од токсини.

Како да го исчистите и подмладите својот организам ви пренесуваме 7 проверени начини.

Препораките на лекари од руската алтернативна медицина се следни:

1. Потребно е да се научите себе си еднаш неделно наутро на празен стомак да изедете еден куп зелени работи (салата, магдонос, целер, листови од бел кромид). Притоа обидете се да не јадете леб и сол. Клучни елементи во пречистување на организмот е магдоносот. После пола час почнува втората фаза на прочистување:јадете (притоа не пијте вода) бобинки, овошје или зеленчук. Ова ќе ве натера да уринирате почесто, а овошјето и зеленчукот ќе ја активираат работата на цревата и желудникот. Така од организмот на природен начин ќе излезе сета сува слуз, нечистотија и токсини.

2. Наутро на празен стомак изедете пола големо или едно мало обарено и нарендано цвекло, прелиено со лажичка маслиново или сончогледово масло.

3. Наутро на празен стомак напијте се свеж сок со моркови.

4. Во секој оброк додајте омекнати во зовриена вода 'рж (1-2 лажички дневно).

5. Јадете помеѓу оброкот по една лажичка од подготвената смеса: 100 грама истинети листови од алое, 100 гр мед, 300 гр суви кајсии, 300 гр суви сливи, 300 гр смокви.

6. Навечер или наутро )задолжително на празен стомак) напијте се чаша ниско-масен јогурт со дададена лажичка од билно масло.

7. Чистење на организмот со ориз. Ова чистење на телото дава многу добри резултати, а иако има свои нијанси и варијации е многу корисно.