Пресуда за уште еден учесник во насилствата во Центар, кој е следен?

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2017
Откако Јордан Ристевски, член на партијата ВМРО-ДПМНЕ, пред судот ја призна својата вина за учеството во насилствата во општина Центар, се очекува денеска Кривичниот суд-Скопје да ја донесе и пресудата за петообвинетиот во предметот кој СЈО го покрена базиран на прислушуваните разговори.
„Минатата недела разгледувајќи ги дејствијата за кои сум обвинет сакам да изјавам дека се чувствувам виновен и се каам за делото“, изјави петтобвинетиот Јордан Ристевски, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој е втор по ред обвините за „шамарите“ во Центар кој ја призна вината, со што се повеќе се стега јамката околу Никола Груевски. Поранешниот премиер по телефон се слушаше како нарачува да се одржат протести пред општина Центар, а откако луѓето ќе влезат внатре еден од нив да му удри неколку шамари на тогашниот градоначалник Андреј Жерновски и тоа јаки за сите да видат.
По барање на СЈО токму овие разговори се користат како докази во текот на судската постапка откако Апелациониот суд даде одобрение.
Станува збор за втор обвинет во насилството во Центар кој призна вина. Адвокатот Боро Тасевски му го откажа полномошното на обвинетиот којшто ја призна вината.
Претходно, вината ја призна и се покаја и актуелниот советник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Томислав Лазаров, за што доби 6-месечна условна затворска казна, а тој се откажа од правото на жалба велејќи дека сака да заврши целиот процес.
Судењето на кое ќе сведочи и Жерновски е одложено за 7 декември. Протестите во кои имаше и една повредена советничка ескалираа со кршење на оградата и прозорците на општината, наводно поради гнев кон градоначалникот кој сакал да ја руши црквата „Св.Констатин и Елена“ која се гради во центарот на градот поради несоодветна документација.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата
