Претепано 21-годишно момче на паркинг во Скопје
Објавено во: Македонија 18 Март, 2018
Ноќеска на паркингот пред ТЦ „Беверли Хилс“ бил нападнат 21-годишниот Ф.Н. Момчето било удирано со клоци и тупаници во пределот на целото тело. По нападот му била укажана помош во клиничкиот центар „Мајка Тереза.
Според информациите од
МВР, на 18 март 01:45 часот во СВР
Скопје Ф.Н. (21) пријавил дека истиот ден околу 00:20 часот на улицата „Народен
фронт“ на паркингот кај Трговскиот центар „Беверли Хилс“ од страна на повеќе
лица физички бил нападнат при што бил удиран со клоци и тупаници во пределот на
целото тело.
Во соопштението од МВР се вели дека на Ф.Н. му била укажана лекарска помош во
Комплексот клиники “Мајка Тереза и дека се работи на целосно расчистување на
случајот.