ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Од мала фирма до голема млекара за 25 години
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2017
Сопственикот на млекарата Спасојевиќ, Радомир Спасојевиќ од Бајина Башта во 90-те почнал бизнис, но како угостител.
Вели дека борбата за опстанок и преживување го натерала да почне свој бизнис по долги години работа во претпријатије.
Почнал да работи во 1992 година, кога имало висока инфлација и во текот на денот неколку пати се менувал курсот на германската марка.
Во 1995 година дошол на идеја во домот на регистрира мини млекара.
Дневно располагале со 40 литри млеко, а опремата била скоро никаква.
Спасојевиќ раскажува дека имал средства да ги покрие само 10% од трошоците кои се потребни.
По 18 години работа подигнале кредит за да изградат нов погон.
Со текот на времето го ширеле пазарот и сега нивни производи се продаваат во западна Србија и во Белград.
„Слободни денови и лежерен живот во оваа работа нема. Посебно не во мојата дејност која бара 365 дена работа во годината. Не сум сигурен дека повторно би го избрал и изодел овој пат, затоа шо тогаш не знаев какви предизвици ме чекаа“- вели Спасојевиќ.
Додава дека денес имаат проблеми со скапа енергија и скапа мануелна работа.