Претседателските избори ќе ги спасат пазарџиите од рестриктивниот закон
Објавено во: Економија 26 Декември, 2018
Претседателските избори во мај ќе ги спаси, барем привремено, оние продавачи на зелените пазари кои со новиот закон за трговија од 1 јануари треба да бидат исклучени, односно да не добијат лиценци затоа што вече добиваат пензија или се вработени на друго место. Исто така еден трговец-поединец не може да има повеќе од една тезга на еден пазар.
Ова за 24 Вести веќе го потврдиле собраниски извори, а според истите, се планира примената на законот наместо од Нова Година тој да се одложи за во септември 2019-та. Во тој контекст беа и најавите на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој рече дека ќе се разговара со засегнатите групи доколку има забелешки дека законот е избрзан.
Како што информира 24 Вести, ова начелно било услогласено меѓу владините коалициони партнери СДСМ и ДУИ, а корекцијата на законот ќе се гласа по нова година.
Од стопанската комора веќе алармираа дека со овој закон ќе се јави недостиг на продавачи на зелените пазари и нивниот број од 20-тина илјади ќе се намали за 6.000.