18 Мај, 2024
0.0297

Прифатени се текстови на договори за движење со лични карти во Западен Балкан

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Прифатени се текстови на договори за движење со лични карти во Западен Балкан и за признавање на професионални квалификации. Ова е одлука од 95-та седница на Владата. 

Владата, на предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата, разгледа три информации поврзани со регионалната соработка на сите шест земји во рамки на Берлинскиот процес и се прифатени усогласените текстови на договорите.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан и го прифати усогласениот текст на Договорот. Овој Договор ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во рамки на Берлинскиот процес воден од принципите на правото на ЕУ, европските вредности и добрата пракса на ЕУ. Договорот предвидува исти услови за влез, транзит, излез и краток престој на физичките лица, односно на носителите на лични карти. Со склучувањето на овој Договор се потврдува изразената подготвеност за зајакнување на регионалната соработка и меѓусебното разбирање, што ќе придонесе за економскиот развој, зголемување на економскиот раст, инвестициите и вработувањата во Западен Балкан. Исто така, земени се предвид заклучоците кои лидерите ги донесоа во рамките на Берлинскиот процес, истакнувајќи ја визијата за просперитет за луѓето од Западен Балкан, со цел да ги уживаат истите слободи, како и европските граѓани. Земена е предвид и Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар како катализатор за подлабока регионална економска интеграција кон единствениот пазар на Европската Унија, донесена на Самитот на лидерите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, реализиран во Софија на 10 ноември 2020 година“, соопштија од Владата.

Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата за склучување на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на договорот за слободна трговија и го прифати усогласениот текст на Договорот. Овој Договор ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во рамки на Берлинскиот процес, а овозможува размена на професионалци кои поседуваат професионална квалификација за доктори по медицина, доктори по стоматологија и архитекти, во формат којшто ќе ги отстрани бариерите на националното законодавство. Со Договорот се утврдуваат правилата за автоматско признавање на докази за формални квалификации врз основа на минималните услови за обука, за пристап до регулираната професија и нејзино вршење, како и усогласените минимални услови за обука, во една или во повеќе страни потписнички, коишто им овозможуваат на носителите на споменатата квалификација, да ја вршат истата професија стекната во матичната држава - во друга, потписничка на Договорот. Сите шест земји од Западен Балкан ја имаат предвид важноста на економската интеграција, во согласност со  Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) од 2006 година, како и целите на зголемување на либерализацијата на трговијата со услуги во рамките на ЦЕФТА. Исто така, земени се предвид и целите и приоритетите утврдени во Акцискиот план за заеднички регионален пазар за периодот 2021-2024 година во рамки на Берлинскиот процес, коишто се насочени кон отстранување на пречките за признавање на професионалните квалификации, преку усвојување и спроведување на „Рамката на Европската Унија (ЕУ) за автоматско признавање на професионалните квалификации за 7 професии и системот на ЕУ за автоматско признавање“. Овој Договор обезбедува повеќекратна добивка бидејќи не само што ќе се применуваат строгите критериуми на ЕУ во мобилноста на заедничкиот пазар, туку земјите имаат обврска да ги усогласат наставните програми за овие три професии со барањата на ЕУ, преку што се обезбедува подобар квалитет и мобилност на овој кадар во рамките на Западен Балкан. Преку Договорот ќе се обезбеди и побрза интеграција на земјата во процесот на ЕУ, поради исполнување на барањата од европското законодавство и фактот дека образовниот, како и институционалниот систем на државата, со понатамошна имплементација на Договорот, веќе ќе бидат подготвени за оваа преземена обврска, односно таа ќе биде целосно усогласена со барањата на Унијата за полноправно членство.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8