ПРИМЕР ОД РЕГИОНОТ: На секој ученик по 65 евра
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2017
Градските власти во Требиње, БиХ смислија начин како да ги задржат луѓето на село.
Тие ќе даваат помош од 65 евра месечно за секој ученик кој ќе остане на село.
Оваа идеја на градоначалникот Лука Петровиќ стартува од 1 септември.
„Не даваме да исчезне селото. Без силно село нема ниту силен град. Не се согласувам со оние кои велат дека фрламе пари. Без тоа нема опстанок на селото. Заради децата родителите се селат во град, одат под кирија. Нормално дека и со тие пари се размислуваат дали да останат во село каде не плаќаат вода, трошат помалку струја, а можат да одгледуваат овошје и зеленчук“ - вели градоначалникот.
Додава дека во иднина ќе им помогнат на сличен начин на младите брачни парови и на мајки со 3 и повеќе деца.