27 Април, 2024
0.0281

Пристигнати 30 проектни предлози на јавинот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот „О2 предизвик“

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Пристигнати 30 проектни предлози во рамки на јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој.

O2 предизвикот беше отворен од 03 до 30 ноември со цел поттикнување на иновативни идеи и акции кои ќе водат кон решавање на проблемот со загадување на воздухот во урбаните средини во Македонија. 

На повикот, учествуваа 30 микро, мали и средни претпријатија со свои предлог проекти поднесени во електронска форма. Според критериумите на повикот, а по завршената фаза на административна проверка 27 предлог проекти имаат потполни апликации. Од нив, по 8 се однесуваат на областите „користење на енергија за греење“ и „транспорт и мобилност“, 9 во областа „градежништво и урбани алтернативи“, како и 2 апликации со повеќесекторски пристап.

Фазата на оценување и селекција започнува во понеделник, на 18 декември 2017г. и ќе се врши од страна на Комисија составена од: Јован Деспотовски, директор на Фондот, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јасмина Белчовска од УНДП, Ана Чоловиќ Лешовска од Еко-свест, Татјана Атанасовска – Горздановска од 02 Коалиција, како и две стручни лица од областа на техничкото решение и деловните планови.

Предлог проектите што ќе добијат повеќе од 51 бод премуваат во финална фаза, каде компаниите ќе имаат можност директно да ги презентираат предложените решенија пред Комисијата (т.н. пичинг).

Вкупниот буџет за повикот изнесува 6.000.000 денари., средства на Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедени во Буџетот на РМ.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг