08 Мај, 2024
0.0244

Притисок врз Фактор наместо објаснување: Зошто Тошо Давитковски отуѓил 60 отсто од неговите акции во „Скопски пазар“?

Наместо одговор или реакција за случувањата во „Скопски Пазар“, „Фактор“ од Давитковски доби најава за тужба за обештетување од 25.000 евра. Дали ова треба да го сфатиме како обид за притисок?

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Тошо Давитковски, член на управниот одбор на „Скопски пазар“ отуѓил 60 отсто од своите акции со право на глас во „Скопски пазар“ во период од декември 2008 година до средината на септември годинава.

Тошо Давитковски, кој е брат на Сашо Давитковски, претседателот на Управниот одбор на „Скопски пазар“ поседувал 6,93 отсто од акциите со право на глас во декември 2008 година, а сега во септември поседува 2,7 отсто од акциите со право на глас во таа компанија во која брат му поседува 10,76 отсто, а мајка му поседува 11,36 отсто од обичните акции со право на глас.

Состојбата со бројот на акции во „Скопски пазар“ во декември 2008 година може да ја проверите на следниот линк  http://cdhv.org.mk/ControlPanel/Upload/011208.pdf а состојбата со бројот на акции кои ги поседуваат тројцата членови на семејството Давитковски ја има на следниот линк http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=39841 согласно со последната објава од „Скопски пазар“ на Македонската берза за хартии од вредност.

„Фактор“ јавно го поставува прашањето од кои причини  Тошо Давитковски отуѓил 60 отсто од своите акции во „Скопски пазар“ односно од кои причини го намалил своето учество во акционерската структура на таа компанија? 

Јавното прашање се поставува заради тоа што браќата Давитковски неодамна го известија „Фактор“ дека бараат извинување и дека ќе поднесат тужба во која за клевета и навреда ќе бараат обештетување во износ од 25.000 евра! Дали ова треба да го сфатиме како закана и притисок врз известувањето кое целосно се трудиме да биде објективно и навремено? 

Повод за овој гест бил текст што „Фактор“ го објави во септември со наслов „Има ли раскол во семејството што управува со Скопски пазар?“ 

Текстот ја третираше последната продажба на 200 акции кои ги отуѓил Тошо Давитковски објавена на веб страницата на берзата на 14 септември 2016 година. Акциите не ги купил неговиот брат Сашо што е видливо од состојбата во Централниот депозитар за хартии од вредност каде се гледа дека во периодот на продажба бројот на акции на Сашо Давитковски се намалил. На 12 септември пред објавата тој имал 10,89 отсто од акциите со право на глас, а на 19 септември имал 10,64 отсто од акциите со право на глас. Причина за намалувањето е тоа што Сашо Давитковски мораше да почитува судска одлука и да отуѓи акции претходно купени. „Фактор“ во недостиг на официјални информации праша јавно „Дали има раскол во семејството Давитковски“ заради тоа што едниот брат продава акции, а неговото учество во акционерската структура се намалува подолго време. 

Наместо одговор или реакција или објаснување на јавноста браќата Давитковски пратија известување со барање за извинување и најава за тужба од 25.000 евра.

Факт е дека од објавата на текстот кон средината на септември па до сега не добивме демант ниту каква и да е форма на реакција од што би заклучиле дека сме пласирале невистини. Во најавата за тужба пишува дека сме ги повредиле чувствата и сме нанеле душевна болка. Тоа не ни била цел. Никогаш „Фактор“ не посегнал по нечии чувства, ниту имал намера, ниту ќе има да направи персонална штета некому.

Едноставно е! Имаме еден принцип, а тоа е навремена и прецизна информација односно факти наменети за нашите читатели. Нашата читателска публика се пред се бројните инвеститори и мали акционери. „Фактор“ има единствена цел - да ја информира квалитетно инвеститорската заедница во земјава. Тоа подразбира пронаоѓање и објавување на факти во контекст полезен за информирање за мали акционери, акционерски друштва преку официјални извори и ставање на тие факти во контекст.

„Фактор“ и понатаму цврсто и посветено ќе ја спроведува својата мисија за објективно и навремено информирање на својата читателска публика и ќе продолжи да ги следи и објавува сите случувања поврзани со „Скопски пазар“. А читаноста на текстовите за „Скопски пазар“ и нивното споделување на социјалните мрежи покажува дека текстовите за оваа компанија се високо респонзивна тема!

Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката