04 Мај, 2024
0.0277

Притвор за пукачот од Шишево кој лани уби човек пукајќи му во грбот

Објавено во: Македонија 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

После една година, пукачот од Шишево кој лани ова време се обиде да убие двајца, а тоа му успеа само со едно лице, а потоа и избега и цела година беше недостапен за органите на прогонот, ќе се гони за убиство. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Сцената била како од каубојски филм.

„Осомничениот на 02.03.2019 година, на локалниот пат меѓу селата Шишево и Глумово, со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот“, велат од Обвинителството.

На критичниот ден, тој со својот автомобил го попречил движењето на автомобилот во кој се наоѓале двајцата оштетени, заедно со уште едно лице – сведок на настанот и започнал вербална расправија заради претходно нарушени односи. 

„Во момент кога еден од оштетените започнал да се враќа кон своето возило за да влезе, осомничениот му се приближил на кратко растојание и испукал кон него еден проектил од пиштолот, нанесувајќи му тешка телесна повреда во вид на прострелна рана. Потоа тргнал да се пресмета и со вториот оштетен. Сведокот се попречил меѓу нив, но осомничениот му наредил да се тргне. За тоа време, оштетениот започнал да бега, па осомничениот се стрчал кон него и испукал повеќе проектили, нанесувајќи му две огнострелни повреди во пределот на грбот. Како последица на овие повреди, оштетениот починал непосредно по приемот во болница“, објаснуваат од Обвинителството.

По ова, осомничениот се дал во бегство и го напуштил местото на настанот и една година бил недостапен на органите на прогонот. 

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да ги сокрие трагите на кривичното дело, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештите лица, како и да го повтори делото“, велат од Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра