03 Мај, 2024
2.8815

ПРИВЛЕЧНОСТА НА ЛИСТИТЕ: Дури 2.000 граѓани сакале да бидат пратеници на СДСМ

Објавено во: Македонија 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеничките листи дефинитивно се примамливи за партиските членови и симпатизери. Ова особено важи за добитните, односно за оние што ќе се најдат меѓу првите на списоците во шесте изборни единици, бидејќи тие имаат најголеми шанси да влезат како пратеници во Собранието. 

За да се најдат на пратеничките листи на сега владејачката СДСМ се пријавиле безмалку 2.000 кандидати. Ова денеска го објави лидерот на партијата Зоран Заев, кој нагласи дека тоа се вкупно номинирани за листите, кои се или номинирани од месните одбори, или преку самокандидатура. 

Иако на огласот се пријавиле околу две илјади кандидати, по првичните селекции на локално ниво останале околу илјада, и тие понатаму се селектираат на централно ниво на партијата, согласно анализите и анкетите, но и согласно препораките на селекционата комисија. Имињата на некои од кандидатите во одредени населени места, како што рече лидерот на партијата, се веќе познати, но повеќето сеуште се во процес на избор за учество на листите.

Инаку, како финално ќе изгледаат пратеничките листи на социјалдемократите, ќе биде познато по конгресот во понеделник. 

За конечните листи ќе одлучиме во понеделник, така што, викендот ќе ни биде работен, и покрај приватните обврски што ги имаме. Верувам дека до последно, како стигнуваат анализите, анкетите, истражувањата, кои се водилка во извештаите во селекционата комисија, ќе следиме, по што ќе се сублимира конечноста на одлуките поврзана со кандидатите. Ќе можеме да соопштиме во понеделник, некои места ги знаеме, но голем дел уште не се знаат“, рече Заев на денешната прес конференција. 

Конкретно, во понеделник во 16 часот ќе се одржи Централен одбор на партијата, а во 18:00 часот следува Конгресот.

Во врска со тоа дали со БЕСА ќе одат со заедничка листа на изборите, поради изјавата на претседателот на ДИК Оливер Дерковски дека со тоа БЕСА ќе загуби членови во Комисијата, но и во избирачките одбори, Заев рече дека коалицијата е објавена, на изборите ќе настапат со заедничка пратеничка листа и со заедничка програма. Додаде дека законот е јасен за сите аспекти и фази на изборите.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите