ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕВИРАЊАТА ВО ВМРО-ДПМНЕ: Што му одговори Стоилковски на Коневски?
Објавено во: Македонија 03 Август, 2020
Мицкоски се извини во името на партијата за грешките во минатото, и кажа дека некои гледаат личен интерес, а тој гледа кауза во ВМРО-ДПМНЕ.
„Комшија” Ивице гледам си се пронашол во фразата “појаничарени јуришници на Заев” па реагираш. Алал нека му е на Мицкоски што совршено ве дефинираше; иако не ве спомена со име, вие сами си се јавивте. Е сега токму поради тоа тежиш минус четири илјади гласа во Аеродром. Не може да зборите за обединување, а да го гледате светот од скутот на Заев. Затоа единствено реформи можете да правите во СДСМ“,
напиша Стоилковски на својот профил на Фејсбук.