30 Јуни, 2024
0.0319

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Придобивките од мерката МојДДВ и натаму ќе ги ползуваат граѓаните, промени ќе се направат само во системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител.

„Мерката МојДДВ останува со истата сума за поврат кон граѓаните. Ќе се направат одредени корекции, што не се поврзанидиректно со граѓаните, туку системски во рамки на Управата за јавни приходи.  Многу често од граѓаните добивавме информација дека скенирале фискални сметки кои УЈП им ги одбивала како да не се оригинални, било пријавувавано до УЈП и не се преземало ништо“, рече министерката за финансии.

Во однос на граѓанските обврзници, како државни хартии од вредност наменети за граѓаните, рече дека нема да продолжат да се издаваат се додека не се врати довербата во системот.

„И пред да станам министер велев дека за да имате интерес за купување граѓански обврзници треба да имате доверба во институцијата. Ние треба со дела да покажеме  дека навистина тоа што го ветивме го остваруваме. Кога ќе го промениме системот и кога ќе ја вратиме комплетно довербата на граѓаните во државата тогаш може да зборуваме за граѓанска обврзница, во овој момент не може да зборуваме за граѓански обврзници“, рече Димитриеска-Кочоска.


Можеби ќе ве интересира

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?