28 Април, 2024
0.0269

Проф. д- р Горан Мијоски: Коридорот 8 ќе ги поврзе Скопје и Софија и ќе поттикне нови патувања меѓу Црното и Јадранското Море

Објавено во: Економија 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Проф. д- р Горан Мијоски е претседател на македонската асоцијација на патните инженери и шеф е на катедрата за патишта на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На ХIII Годишна конференција „Стратешка инфраструктура и инвестиции 2018 - кохезија и поврзување“,која оваа недела се одржа во Софија, Бугарија, професорот се вклучи во дискусијата со анализа на кохезионата политика и придобивките за регионот од реализирање на Коридорот 8.

о Проф. Мијоски, кој е најважниот мотив за изградба на Коридорот 8?

- Бугарските колеги добро го формулираа мотивот. Преку Грција имаат коридор кон Европа, преку Романија исто така имаат коридор до Европа. Но, во правец исток- запад преку Бугарија, Македонија и Албанија до Италија нема современ коридор. Овој коридор ќе ја поврзе Софија со Скопје, комуникацијата меѓу двете земји ќе се подобри. Но, тој нема да биде само наш, на земјите од Балканот. И другите земји ќе го користат и ќе патуваат од Јадранското Море до Црното Море. Коридорот 8 не е балкански, тоа е европски коридор.

о Каква е состојбата на патиштата долж овој коридорот во Македонија?

Пат има на цела траса на Коридорот 8, но сакаме тоа да не биде обичен пат, туку автопат кој е најбезбеден и ќе понуди највисоко ниво на услуга. Имаме автопат од Куманово до Гостивар. Делницата од Куманово до Миладиновци (23 км) се обновува за 12,7 милиони евра, изградбата ќе заврши во јули 2018 година. Од Гостивар до Кичево (28,5 км) е поправен патот и за тоа се вложени 4 милиони евра, овој процес ќе биде завршен ова лето. Од Кичево до Охрид се гради автопат. Од село Требништа, кое е помеѓу Охрид и Струга, до границата со Албанија, ќе се гради автопат од 2019 година. Се разработува проектната документација за автопатот од Гостивар до Кичево.

Подготвена е документацијата од Страцин, кај Куманово до границата со Бугарија. Изградбата треба да започне во 2019 година. Трасата е поделена на делови. Предвидена е трета лента на патот од Крива Паланка до границата со Бугарија. Нашата желба е од Куманово до границата со Албанија да има автопат.

о На што најмногу давате на значење во изградбата на правецот исток- запад?

- Коридорот 8 да е автопат, на тоа инсистираме, за да е брз, удобен и комфорен пат. Скопје е 205 километри од Софија и сега патувањето со автомобил трае 3 до 3,5 часа. Ако е автопат, ќе пристигнувме за помалку од 2 часа. Затоа, ние инсистираме на автопат, а не на обични патиштата. Но, за да се гради автопат, треба да се исполнети два услови. Прво, автопатот треба да е исплатлив, тука од значење е колку брзо ќе се врати инвестицијата, и вториот услов е политичка волја. Сакам да кажам дека само по себе планирањето и изградбата на автопат помеѓу два главни града ќе генерира нов сообраќај, а ако трасата дојде и до Албанија, ќе се создаде дополнителен движење и искористеност на трасата. Квалитетен и брз пат меѓу Црното Море и Јадранското Море ќе поттикне нови патувања.

Делницата на Коридорот 8, која поминува низ територијата на Македонија, е долга околу 300 километри. Што се случува по должината на патот?

- Обнова на делницата Крива Паланка- граница со Бугарија во должина од 13 километри, 12 милиони евра, почеток на изградба 2019

- Обнова на Крива Паланка- Ранковце, 21 км, почеток на изградба 2018, цена 3 милиони евра и рок од 18 месеци

- Обнова на патот Куманово-  Страцин, 33 километри, подготвена е проектната документација, почетокот на изградбата е 2019 година, рокот за изведба е 18 месеци, а вредноста 8 милиони евра

- Рехабилитацијата на автопатот Куманово- Миладиновци, 23 км, завршува во јуни 2018 година

- Рехабилитација на автопатот Миладиновци- Хиподром, 10 километри, ќе почне во 2019 година, ќе трае 18 месеци и ќе чини 4 милиони евра

- Обнова на делови од автопатот Скопје- Тетово, 16 километри, 1,2 милиони евра и завршува во јуни 2018 година

- Обнова на патот од Гостивар до Кичево со должина од 28,5 км, завршува во јули 2018 година, нејзината вредност е 4 милиони евра

- Изградба на автопат Кичево- Охрид, 57 километри, е со рок за извршување 36 месеци, финансирањето е од Ккнеската Ексим банк, проценета вредност е 412 милиони евра

- Изградба на делница Ранковце- Крива Паланка, дел 1, ќе чини 28 милиони евра, ќе трае 30 месеци, должината на патеката е 14 километри, изведувачот е италијанската „Тирена Скауви“

- Изградба на Ранковце- Крива Паланка, дел 2, за 30 милиони евра, рокот за изградба е 36 месеци, а должината на трасата е 9 километри

- Автопат Гостивар- Кичево е со должина 42 км, проценета вредност е 300 милиони евра, тендерската документација е во процес на подготовка

- Делницата Требениште- Струга е долга 8,5 километри, вредноста е околу 20 милиони евра, проектната документација е подготвена

- Подготовката на проектната документација за автопатот Струга- Кафасан (граница со Албанија) ќе започне во 2018 година

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“