27 Април, 2024
0.0262

Прогласени 10-те победнички во изборот “Жена на годината 2019”

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија денеска во “Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на “Жена на годината” (www.zenanagodinata.mk), во склоп на конференцијата “200 жени претприемачки”.

Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

Во продолжение следува листата со овогодинешните лауреати во изборот “Жена на годината”:

·  Категорија “Жена на годината” - Мила Царовска, Министер за труд и социјална политика;

·  Категоријата “Жена со трајни вредности”  - Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста “Браво Сине”;

·  Категорија “Жена менаџер на годината” – Викторија Механџиска, Зегин;

·  Категорија “Млада жена менаџер на годината” – Сања Лукаревска, УЈП;

·  Категорија “Странец жена менаџер на годината” - Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија;

·  Категорија “Жена со најголеми достигнувања во културата” - Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена Земја;

·  Категорија  “Жена со најголеми достигнувања во спортот” - Сара Ристовска, ракомет ;

·  Категорија  “Жена со најголеми достигнувања за општеството” -  Кристина Арнаудова, Проект Среќа;

·  Категорија  “Жена со најдобар стил “ – Даниела Колиќ Димовска, LISCA

·  Категорија  “Инфлуенсерка на годината” – Лила Филиповска, ТВ Сител.

Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, беше доделен и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.

Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.

Организатори на “Жена на годината” се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“