ПРОГНОЗА: Еве какво време не чека оваа среда
Објавено во: Македонија 04 Март, 2020
Врнежи од дожд кои на места ќе бидат поизразени ни носи денешниот ден.
Синоптичарите за оваа среда прогнозираат облачно и доста нестабилно време кое некаде ќе резултира со невреме , пороен дожд и грмежи.
Максималната дневна температура сепак нема да биде ниска со оглед на временските услови и таа ќе достигне максимални 17 степени.
Во Скопје температурата ќе достигне максимални 13 степени а целиот ден ќе помине со повремени дождови проследени со ветер од југоисток.
Слично време не очекува и во следните два дена. За време на викендот доаѓа нова серија влажен воздушен бран, но за моменти ќе има и сончеви периоди.