27 Април, 2024
0.0252

Производство на зеленчук во Македонија

Објавено во: Колумни 31 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Вкупни површини

Познато е дека Македонија има релативно поволни климатски услови особено во регионот на течението на Вардар, како и сите јужни подрачја каде се чувствува влијанието на медитеранската клима, за успешно одгледување на бројни зеленчуци со висок квалитет, бидејќи повеќето услови тоа го овозможуваат. Зеленчукот има важно место во извозот од Македонија, а особено е важно неговото место во производство на високи вредни нутритивни производи со релативно ниска цена. Во градинарството работат вредни земјоделци со искуство.

Таб. Движење на површините со зеленчук  во ха

 Вид зеленчук

1991

2012

2013

2014

2015

2016

 Компир

12790

13224

13477

13178

13360

13279

 Грав чист посев

5934

4748

4608

4834

4769

4887

 Зелка и кељ

3604

3734

4491

4367

4815

4597

 Зелка доцна

652

1070

1288

1504

1300

1198

Домати

8010

5640

5478

5746

5657

5609

Пиперки

9069

9626

8511

8528

8622

8766

Лук

1361

936

928

956

980

978

Кромид

4354

3527

3499

3588

3608

3584

Бостан

1206

5692

5598

5740

5562

5506

Леќа

262

74

82

80

84

84

Компир и меѓупосев

379

206

219

192

224

281

Грав меѓупосев

15459

9080

8895

9791

8795

8663

Вкупно

46980

47271

47960

48521

48751

48489

1.Површините меѓу посев не влегуваат во вкупно


Во статистичкиот годишник на РМ се регистрирани (по традиција) дванаесет градинарски култури (односно 10 без меѓупосев). Се знае дека тоа не е вкупниот број на зеленчук што се одгледуваат во Македонија, но се најважните, зафаќаат околу 48,000 ха, додека градинарството како дел од ораница и бавча според С.Г. се регистрира: во 1991 година со 61 илјада ха, а од 2012 до 2016 се движи околу 52 илјади ха.

Каj споредбата на движењето на површините по култури од последните пет години (таб.1)  со 1991 година, се забележуваат интересни  отстапувања. Пораст на површините под компир, зелка, кељ, бостан,  но сериозно опаѓање на површини со домати и пиперки, лук и кромид. Меѓутоа вкупниот обем на површините кај овие 10 култури е зголемен за над 2000 ха во однос на 1991 година.

  Таб. 2 Вкупно производство на зеленчук

Вид производи

Ед. мерка

  1991

  2012

  2013

2014

2015

2016

 Компир

000 тони

113,6

168,9

189,6

198,9

189,4

197,1

 Грав чист пос.

000 тони

5,7

5,1

5,1

6,2

5,6

6,3

 Зелка и кељ

000 тони

50,00

94,2

119,7

115,5

144,9

139,9

 Зелка доцна

000 тони

11,3

34,3

37,8

48,5

48,9

45,4

Домати

000 тони

169,2

145,8

131,0

160,5

173,4

162,0

Пиперки

000 тони

114,4

166,2

152,2

175,9

189,1

181,9

Лук

000 тони

3,4

4,1

4,1

4,3

4,2

4,2

Кромид

000 тони

34,0

43,7

50,8

60,0

59,5

60,9

Бостан

000 тони

152,1

127,6

128,4

136,7

131,0

139,7

Леќа

000 тони

157

77

77

98

68

110

Компир меѓу.

000 тони

2,1

1,1

1,3

0,7

1,0

1,4

Грав меѓупос.

000 тони

10,0

5,9

6,2

7,2

7,8

6,7

 Вкупно

000 тони

668,9

796,9

826,3

914,5

955,2

945,2

Принос

Тони по ха

14,24

16,90

17,22

18,85

19,59

19,49

Вкупна продукција

Вкупното производство  на градинарските култури во споредба со 1991 година како и движењето во последните години (таб.2)  покажува воглавно зголемување со исклучок кај бостанот и меѓупосевите. Најважните култури (компир, зелка, домати и пиперки) во однос на 1991 година се со зголемено производство од 159,0% до 279,0%. И покрај тоа што често не се собира вкупната продукција на земјоделски производи, ние тоа го направивме, бидејќи кај доминантните култури (со најголемо вкупно производство) не е сериозна разликата во однос на специфичната тежина, но збирот дава можност за  објективна споредба на вкупната продукција на зеленчук (од овие 10 култури), а се открива и позитивна тенденција на пораст (таб.2).

Бидејќи разликите по вкупна површина не се големи (таб.1) зголеменото вкупно производство е резултат на зголемени приноси по единица капацитет, како резултат на поприносни семиња унапредување на технологијата на производството, што е изразено со повисоки просечни приноси во соредба со 1991 година, но и во периодот од 2012 до 2016 година приносите се зголемувале (таб.2). Споредбата на највисокиот принос постигнат во 2015 година (близу 20 тона/ха) со тој од 1991 година покажува разлика од 5,35 тона по ха што не е за потценување, меѓутоа бидејќи се работи за продукција на култури кои можат да постигнат принос и над 40 тона по ха, во такво светло ако  го набљудуваме овој среден принос не треба да сме задоволни.

Наскоро ќе ги прикажеме приносите по еден ха нивските и градинарските култури.

Проф.Д-р.Борис Анакиев



Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД