03 Мај, 2024
0.0288

Променлива временска прогноза по жешкиот викенд оваа работна недела

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Времето оваа работна недела ќе се промени „стопати“. Така барем навестуваат метеоролозите.

За денеска се најавува локална нестабилност, вторник и среда повеќе врнежи и мал пад на температурата додека од четврток повторно промени на на подобро.

Понеделнички денот започнуа со стабилно топло време, а веќе попладнето ќе донесе нестабилност.

Облаци кои ќе донесат дожд се очекуваат во западниот и севернио крај на Пелагонија, демирхисарскиот крај, Полог, поречкиот крај, како и околу реканскиот крај.

Вторник ќе започне со генерално мала облачност во северниот крај и умерена облачност на југ. Попладнето ќе биде пооблачно и поврнежливо во јужната половина од земјата, каде врнежите ќе бидат позначителни и проследени со грмежи и засилен ветер. Во северната половина од земјата врнежите ќе бидат нешто поретки и послаби во однос на јужниот регион, според информациите на метеопро.

Температурата во однос на понеделник ќе биде пониска за 3°С до 4°С. 

Позначителен пад на температурата очекуваме в среда. Тогаш  долж повардарието максималната ќе има вредност околу 21°С, во котлините од југозападниот крај околу 17°С, а на исток околу 19°С. 

Денот ќе биде облачен и врнежлив низ целата земја, со поретка појава на грмежи. Сепак, јужниот крај повторно ќе се издвои како поврнежлив во однос на северниот.

Повторна промена на времето очекуваме од четврток, овој пат на подобро. Во текот на денот постепено ќе се намалува облачноста, за веќе попладне да имаме речиси ведро време. Температурата ќе бележи сосема мал пораст во однос на среда.

На вистински колосек ќе бидеме од петок. Ведро и пријатно топло ќе биде во текот на последниот работен ден. Максималната темпратрура воглавно ќе има вредност помеѓу 24°С и 28°С.

За викендов е поверојатно дека времето ќе биде ведро и потопло.

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи