ПРОНЕВЕРЕНИ 4,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Швајцарските власти обвинија познати банкари за перење пари
Објавено во: Свет 21 Јули, 2018
Швајцарските власти ја обвинија „Rothschild Bank“ за вмешаност во перење пари преку државниот инвестицонен фонд од Малезија 1MDB, се наведува на сајтот на регулаторот на пазарот „FINMA“.
Мета на истрагата е главната „Rothschild Bank А.D.“ и ќерка фирма „Rothschild trust“. Ниедна организација не успеала да го објасни потеклото на имотот кој е добиен од осомничени за перење пари а не се оправдани ниту неколкуте различни трансакции.
FINMA планира да ги испрати ревизорите во наведената банка, пренесе Ројтерс.
Случајот против малезискиот фонд 1MDB се води од 2011 година. Раководството се сомничи за проневера на повеќе од 4,5 милијарди долари, предвидени за проекти од економски развој на државата.