05 Мај, 2024
0.0250

Протести за наставата да биде во училиштата, под прашалник и таа до 3 одделение

Објавено во: Македонија 22 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Откако надлежните одлучија децата од 1 до 3 одделение да одат во училиште, но оставија простор родителите да ја донесат конечната одлука дали нивното дете сепак сакаат да посетува онлајн настава, сега голем притисок е на самите родители. Наставниците пак, не знаат како ќе се организираат да предаваат и на децата во училница и на тие кои ќе учат од дома. Во услови кога нема детали како ќе се организира он лајн наставата и дали истиот наставник ќе работи и со двете групи, родителите се во недоумица што да одберат.

Аргументите на тие кои сакаат нивното дете да оди во учулиште се дека децата се мали и не можат да научат ништо дома, а првите одделенија се клучни за нив. Тие кои одбираат он лајн настава в предвид го земаат ризикот од мешањето на децата. Инаку анкетите кои ги имаат одделенијата покажуваат дека повеќе родители на ученици од 1 до 3 одделение се изјасниле за он лајн настава.

Ќе има ли воопшто настава со физичко присуство, како ќе изгледа сето тоа, допрва ќе се утврдува.

Збунети се и децата и наставниците, родителите на овие деца нема да можат да одат на работа во секој случај што е дополнителен притисок

Министерот за здравство и министерот за образование соопштија дека наставата ќе биде он лајн освен за децата во првите три одделенија. Дел од родителите кои поддржуваат настава од дома и бараа таа да биде таква се смирија, но има родители кои се категорично против. Се собираат идеи и иницијативи во кои дури и се зборува за протести.

Досега не се знае ниту ког аќе почне учебната година.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник