ПРВИ АНКЕТИ ОД ФРАНЦИЈА: Во втор круг битка ќе водат Макрон и Ле Пен
Објавено во: Свет 23 Април, 2017
Првите анкети од претседателските избори во Франција покажуваат дека во вториот круг на изборите најверојатно ќе се борат Емануел Макрон и Марин Ле Пен.
Како што објавија француските медиуми, независниот центристички кандидат Макрон освоил 23,7 отсто од гласовите, додека Ле Пен освоила 21,7 отсто.
Меѓутоа, веднаш зад лидерката на Националниот фронт е и некогаш главниот фаворит на изборите , кандидатот на десниот центар, Франсоа Фијон, со 20,3 отсто.
Следи кандидатот на радикалната левица Жан Лик Мелашон со 19,06 отсто.
На пето место е претставникот на социјалистите Беноа Амон со 6,1 отсто гласови.
Вториот круг на избори ќе се одржи на 7 мај.
Кој и да победи во вториот круг, пишува БиБиСи, тоа ќе значи големо одделување од левичарските и партиите на десниот центар кои доминирале со француската политика.