Први во светот: Американска компанија со вредност од 1.000.000.000.000 долари
Објавено во: Економија 03 Август, 2018
„Епл“ е првата компанија во светот, чија пазарна вредност достигна билион долари.
Акциите на компанијата на њујоршката берза вчера изнесуваа 201,5 долари а денеска пораснаа за 2,75 отсто и достигнаа рекордни 207,05 долари. Со тоа вкупната вредност на „Eпл“ достигна билион долари.
Ова претходно не и успеа на ниту една друга компанија во светот. Растот на акциите се случи пред два дена, откако челниците на американската компанија соопштија дека оствариле зголемување на приходите кое ги надминува сите очекувања.